Претстојниот викенд ќе го одбележат настапите на три сино – жолти екипи.
Први на терен ќе истрчаат нашите најмали другарки, екипата до 12 годишна возраст.
Својот втор официјален настап ќе го имаат на теренот во Кочани против соодветната екипа на ЖКК Баскет Дино. Натпреварот ќе започне во 15:00 часот (Сабота, 10.12.2022 година).
На најмалите баделки им посакуваме преку добра игра на терен да ја извојуваат првата победа во официјален натпревар!
Во Сабота, 10.12.2022 година, во Дуња со почеток од 17:00 часот, сениорките ќе го одиграат натпреварот од 7-то коло од Прва А лига против екипата на ЖКК Гризли.
На нашите баделки во борбата за висок пласман им посакуваме добра игра и секако победа!
Викендот ќе го затворина нашата екипа до 16 годишна возраст,
Во Недела, 11.12.2022 година ќе годстуваат во Куманово, против екипата на ЖКК Ринија. Натпреварот ќе започне во 14:30 часот.
Во очекување на 3-та победа во третиот натпревар и задржување на 100% ефект во М16 – Група 1, на баделки им посакуваме добра игра во фер и коректен натпревар!
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Сабота, 10.12.2022 година
15:00     Баскет Дино – Бадел 1862     /М12 – Група 2/
17:00      Бадел 1862 – Гризли     /Прва А лига/
Недела, 11.12.2022 година
14:30     Ринија – Бадел 1862     /М16 – Група 1/

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

09.12.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862