Позади нас е возбудлив викенд, викенд во којшто сите 5 сино – жолти екипи имаа свој настап, викенд којшто го одбележа нашата младост, нашата иднина!
И покрај тоа што подмладената сениорска екипа успешно го одиграа дерби натпреварот против МЗТ Скопје Аеродром, овој викенд во центарот на вниманието беа нашите најмали кошаркарки, екипата до 12 годишна возраст!
Прв официјален натпревар, возбуда, радост, трема, непроспана претходна ноќ…..ден за паметење за Мила, Лејла, Лана, Марта, Јана и другарките….ден во којшто го вкусија првото искуство што со себе го носи официјалниот натпревар!
На екипата на МВП – Скопје им честитаме на победата, на Лана (4 поени), Мила (4 поени), Јана (4 поени), Лејла (поени) и другарките од сино – жолтата екипа им посакуваме многу успеси во понатамошниот тек од натпреварувањето. Светлата иднина, проследена со многу работа, насмевка на лицата и многу други натпревари е пред нив!
Нашата екипа до 16 годишна возраст оствари убедлива победа против екипата на Шкупи.
Јана Чолакоска постигна 20 поени,  Дора Алексова 9, Ива Згонц и Илина Несторовска по 8,  Теодора Ѓоргиевска и Неда Лабудовиќ по 6,  Ива Димитријевиќ, Нена Китановска, Дарија Панкова, Ева Стоковска Палевска и Вања Милосављевиќ по 4 поени.
На екипата на Шкупи и честитаме на фер и коректниот натпревар.
Двомечот во Штип заврши со половичен успех.
14-ка доживеа тесен пораз од екипата на Тим Арена.
Ива Димитријевиќ постигна 22 поени,  Дарија Панкова 15, Вања Милосављевиќ 10, Кјара Атанасова и Олгица Димевска по 2 поени.
На вториот натпревар во Штип, нашата 18-ка стигна до втората победа во годинешното првенство.
Јована Димковска постигна 25 поени, Зара Стојковска 16, Јана Чолакоска 10, Мила Ѓуковиќ 8, Ања Даниловска 7, Дора Алексова 6, Елена Алулоска и Теодора Ѓоргиевска по 4,  Илина Несторовска и Нена Китановска по 2 поени.
На домаќините им честитаме за фер и коректните натпревари.
Подмладениот сениорски состав во дерби натпреварот од К05 – Прва А лига, забележа убедлива победа против екипата на МЗТ Скопје Аеродром, на којашто и честитаме за фер и коректниот натревар.
РЕЗУЛТАТИ:
Шкупи /М16/ – Бадел 1862 /М16/   20:77
Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром     84:69
МВП /М12/ – Бадел 1862 /М12/     29:14
Тим Арена /М14/ – Бадел 1862 /М14/      57:51
Тим Арена /М18/ – Бадел 1862 /М18/      66:84

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

14.11.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862