Успешен сино – жолт викенд на три фронта! Три натпревари, три убедливи победи во три различни конкуренции: сениорки, М18 и М14.
Носечка сила во сите три конкуренции беше младоста, иднината на Бадел 1862 и женската кошарка во целина.
Младост пред којашто претстои уште многу напорна работа, многу натпревари. Младост пред којашто се испречени многу нагорнини и удолнини, победи и порази за зголемување на самодовербата и искуството и корегирање на грешките, со крајна цел формирање на силни личности и квалитетни кошаркарки.
Викендот го отворија сениорките со натпреварот од К02 од Прва А лига со убедлива победа на жешкиот терен во Крива Паланка.
Крива Паланка – Бадел 1862 42:78 (16:26, 13:19, 5:20, 8:13)
Подмладениот состав на Бадел 1862, на крилата на младоста, во текот на сите 40 минути го контролираше резултатот и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева на позитивен резултат. Најефикасна на натпреварот беше Марија Димитријевиќ со 15 поени. За одбележување се дебитантските поени во сениорската лига на Јана Чолакоска (4 поени) и Дора Алексова (2 поени).
Kaitlyn Mathieu постигна 13 поени, Мартина Маркоска 14, Јована Димковска и Мила Ѓуковиќ по 11, Зара Стојковска 6, Ања Даниловска 2 поени.
Во рамките на К01 од М18 кошаркарската лига Група 2, младите баделки на домаше терен ја остварија првата победа.Бадел 1862 – Шкупи 101:57 (30:14, 23:17, 30:9, 18:17)Прва победа во новата сезона, сезона во којашто ќе се атакува на највисок пласман.Најефикасна баделка беше Јована Димковска со 22 поени. Зара Стојковска и Дора Алексова постигнаа по 18, Јана Чолакоска 13, Елена Алулоска, Нена Китановска, Луна Алексова и Јана Давитковска постигнаа по 6, Илина Несторовска 4 и Мила Ѓуковиќ 2 поени.
Викендот го заокружија најмладите, М14 баделки, со победа на отварањето на новата сезона во М14 – Група 2.Бадел 1862 – Работнички 52:13 (22:2, 5:2, 8:9, 17:0)Ива Димитријевиќ со постигнатите 25 поени беше предводникот на најмладите баделки. Дарија Панкова 14, Вања Милосављевиќ постигна 8, Лина Тошевска 5 поени.На нашите баделки им честитаме за остварените победи, а на противничките екипи им честитаме за фер и коректните натпревари.
💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
24.10.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862