Пред нас е возбудлив викенд во кој три сино – жолти состави ќе атакуваат на победа!

Сениорската екипа, во рамките на К02 од Прва А лига ќе гостува во Крива Паланка.

Натпреварот ќе се одигра во Сабота, 22.10.2022 година со почеток во 13:30 часот во спортската сала Бранители 2001.

Во Недела, 23.10.2022 година, во спортската сала Независна Македонија, ќе проследиме двоен настап на нашите екипи до 14 и 18 годишна возраст.

Во ракмите на М18 – Група 2, со почеток во 11:00 часот, баделки ќе го одиграат натпреварот од К01 против екипата на ЖКК Шкупи /М18/.

Во 13:30 часот, во рамките на М14 – Група 2, младите баделки ќе го одиграат натпреварот од К01 против екипата на ЖКК Работнички /М14/.

На баделки им посакуваме успешен – победнички викенд!

Ги покануваме љубителите на женската кошарка во Недела во “Дуња” да го проследат настапот на младите кошаркарки на отварањето на новата сезона во младинските категории.

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

21.10.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862