Двоипол месечниот подготвителен период е позади нас. Утре официјално започнува новата кошаркарска сезона во женска сениорска конкуренција.
Баделки на стартот на новата сезона ќе гостуваат во Кавадарци.
Во спортската сала Партизан, со почеток во 14:00 часот ќе го одиграат натпреварот против екипата на Пробаскет.
И покрај тоа што новата сезона ја започнуваме во значително изменет и пред се подмладен состав, цел на секој натпревар ќе биде преку квалитетна и дисциплинирана игра да се стигне до победа!
Привилегијата, честа и одговорноста кон сино – жолтиот сениорски тим во сезоната 22/23 ќе ја имаат:
- Сандра Лазаревска (капитен)
- Зара Стојковска
- Јана Петрова
- Мила Ѓуковиќ
- Ања Даниловска
- Марија Димитријевиќ
- Дора Алексова
- Kaitlyn Mathieu
- Мартина Маркоска
- Јована Димковска
- Јана Давитковска
- Јана Чолакоска
- Елена Алулоска
- Нена Китановска
На нашите баделки им посакуваме успех во новата кошаркарска сезона!
💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
14.10.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862