Денес, во Универзитетската Клиника по Хируршки болести Св. Наум Охридски, под водство на Д-р Настов беше извршен успешен оперативен зафат на предниот вкрстен лигамент и менискус на Мартина Блажевска.
Постоперативно, Мартина се чувствува одлично. Следи период на рехабилитација од 8-9 месеци до повторното враќање на кошаркарските терени. Мартина ќе ја добие и оваа битка!
Целосна поддршка, со најискрени желби за успешно закрепнување од раководните структири на ЖКК Бадел 1862, тренерите, кошаркарките…! 💙💛
07.09.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862