Сениорската репрезентативка, сино – жолтата ведета, Нена Трајчевска, својата кариера ќе ја продолжи во шпанскиот клуб CB Arxil.
Врвен професионалец, на терен и надвор од него, на терен пожртвована, бескомпромисен борец во секој сегмент од играта, мотиватор на тренинг и натпревар, пеколна кошаркарка, почитувана од секој противник, лидер!
Идол на младите кошаркарки!
Изразуваме голема благодарност за делата којшто ги остави позади себе во нашиот Бадел 1862!
Голема чест и задоволство претставуваше твоето присуство во сино – жолтиот колектив!
Ти посакуваме многу здравје и успешна презентација на твоите кошаркарски и човечки квалитети во твојот следен предизвик, настапите во CB Arxil!
💙💛 НЕНА ТРАЈЧЕВСКА! 💙💛
10.08.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862