Вистинско изненадување на нашите најмали кошаркарки им приредија нивните идоли, шампионките!
Во комплетен состав дојдоа на тренингот на идните шампионки!
Неизмерна радост, среќа, позитивна енергија, емоции доминираа во спортската сала.
Тренираа најмалите со своите идоли и на изненадување на сите, на крај ги предизвикаа шампионките, на терен да им покажат што научиле и до каде се со тајните на кошаркарската игра!
Следеше вистински спектакл!
Уживајте!
СВЕТЛА Е СИНО – ЖОЛТАТА ИДНИНА!
02.06.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862