М18 – Ф4 – 1/2 ФИНАЛЕ

ЖКК Крива Паланка – ЖКК Бадел 1862

67:56 (21:20, 15:6, 8:16, 23:15)

Финалето и борбата за шампионската титула во М18 конкуренција за нашите баделки беше блиску, но сепак далеку. Екипата на ЖКК Крива Паланка ја имаше резултатската предност во првото полувреме. Се заканија баделки во третиот период, ја намалија предноста на еден поен (51:50), фуријата беше на сино – жолтата страна, меѓутоа неколкуте непромислени грешки внесоа дополнителна нервоза и шансата за пресврт замина во неповрат.

Честитки за екипата на ЖКК Крива Паланка за победата и пласманот во финалето.

Баделки утре со почеток во 16:30 часот ќе го одиграат натпреварот за 3-то место против екипата на ЖКК Трокал од Кавадарци. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Бранители во Крива Паланка.

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

23.05.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862