Спортската сала Независна Македонија во Кисела Вода – Скопје во Среда (18.05.2022 година – 19:00 часот) ќе биде епицентарот на домашната женска кошарка. Баделки ќе го одиграат третиот натпревар од финалната серија во борбата за шампионската титула против екипата на ЖКК Баскет Кам.

Сино – жолтите девојки во натпреварот влегуваат со предност од 2:0 и се на една победа до освојување на шампионската титула. Осоколени по епскиот пресврт во последните 5 минути на натпреварот во Македонска Каменица и остварената победа, баделки ги извршуваат последните подготовки пред натпреварот во позитивна атмосфера и самодоверба подигната на максимално ниво.

Санче, Ивана, Нена, Кејт и другарките се подготвени за натпреварот на годината!

Со срце на терен до зацртаната цел!

Ги покануваме љубителите на женската кошарка да го проследат натпреварот во спортската сала Независна Македонија.

 💙💛  ОДИМЕ КОН ЦЕЛТА!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

17.05.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862