ПЛЕЈ ОФ – ФИНАЛЕ – Н02

ЖКК Баскет Кам (0)(2) ЖКК Бадел 1862

68:69 (27:17, 12:15, 17:13, 12:24)

Голема победа на баделки на теренот во Македонска Каменица за водство од 2:0 во финалната серија. Лоша прва четвртина и негатива од 10 поени. Консолидирањето на играта започна во втората четвртина од натпреварот. Баделки бркаа негатива во текот на целиот натпревар. Во последниот период од натпреварот домаќинот стигна до максимални +18 и кога за многумина натпреварот натпреварот беше резултатски решен, баделки уфрлија во петта брзина, ја стопија предноста на противникот и во самиот финиш од натпреварот за прв пат поведоа со 66:65. Следеше тројка на Алексиќ за 68:66, меѓутоа баделки со извонредна игра во одбрана и паметна во напад постигнаа дополнителни 3 поени за победа од 69:68.

Со оваа баделки се на чекор до шампионската титула. Честитки за сино – жолтиот тим за карактерот, за вербата дека овој натпревар може да се добие!

 💙💛  ОДИМЕ КОН ЦЕЛТА!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

15.05.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862