Актуелните шампионки во најатрактивната младинска категорија се на една победа до пласман на Ф4 и можноста за одбрана на титулата.

Младите баделки утре, Сабота, со почеток во 14:30 часот во спортската сала Независна Македонија ќе го одиграат вториот 1/4 финален натпревар против екипата на ЖКК Струга. Избраничките на Анета Глигорова со победата во Струга се стекнаа со предност од 1:0 во 1/4 финалната серија и на домашен терен ќе атакуваат на победа за пласман на Ф4.

Ги покануваме љубителите на младинската женска кошарка да го проследат натпреварот на младите баделки против составот на ЖКК Струга.

💙💛  ОДИМЕ КОН ЦЕЛТА!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

13.05.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862