Групната фаза од натпреварувањето во најпрестижната младинска категорија (М18) заврши.

Следуваат 1/4 финалните натпревари (серија во 2 добиени натпревари). Пласманот во групната фаза е “главниот виновник”  за реприза на минатогодишното финале во годинешното 1/4 финале.

Копјата ќе ги вкрстат актуелните М18  шампионки, ЖКК Бадел 1862 и вице-шампионот, екипата на ЖКК Струга.

Натпреварите помеѓу баделки и стружанки изминатите години секогаш го имале епитетот дерби и на љубителите на женската кошарка им приредувале квалитетни, возбудливи, фер и коректни средби.

Стружанки ја имаат предноста на домашниот терен при евентуалната мајсторка, меѓутоа баделки се во налет и одлучни во обидот за одбрана на шампионската титула.

Првиот натпревар ќе се одигра на 06.05.2022 година (Петок) во Струга со почеток во 17:30 часот, а реваншот ќе се одигра во Недела (08.05.2022 година) во Скопје.

 

💙💛  ОДИМЕ НА ПОБЕДА!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

05.05.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862