Домашното кошаркарско првенство за кошаркарки влегува во завршната фаза. Денес и утре на програмата за вторите 1/2 финални натпревари.
ЖКК Вардар ја пречекува екипата на ЖКК Баскет Кам (04.05.2022, 18:00 часот – СРЦ Кале) и “брка” победа за мајсторка.
Баделки во натпреварот против ЖКК Крива Паланка влегуваат како апсолутни фаворити, цврсто решени пласманот во големото финале да го обезбедат на теренот во Крива Паланка.
Натпреварот ќе го одиграат утре, 06.05.2022 година во Крива Паланка со почеток во 19:00 часот. Линкот за LIVE STREAM дополнително ќе биде објавен на BadelTV.
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
04.05.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862