M18 – Група1:    ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Баскет Кам 72:71 (13:22, 14:20, 17:8, 28:21)

Мартина Блажевска 19

Мила Ѓуковиќ 16

Зара Стојковска 14

Мартина Марковска 11

Јована Димковска 9

Дева Глигорова 3

Тешко остварена победа на младите баделки во претпоследниот натпревар од М18 – Група 1. Првото полувреме помина во деконцентрирана игра на младите баделки, игра без енергија и многу грешки што противникот ја казни за предност од +15. Во второто полувреме нашите млади кошаркарки го променија ритамот на играта, заиграа поцврсто во одбраната и како одминуваше времето предноста на противникот беше се помала. До крајот од третиот период од натпреварот баделки надололнија 9 поени од негативата на полувремето. Во последната четвртина баделки уште повеќе го кренаа нивото на играта, што резултираше со комплетен резултатски пресврт и водство коешто го исконтролираа до крајот на натпреварот.

Честитки за екипата на ЖКК Баскет Кам за фер и коректниот натпревар.

Овие два тима ќе ги вкрстат копјата и во Вторник, кога ќе го одиграат заостанатиот натпревар од есенскиот дел на натпреварувањето во М18 – Група 1.

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

21.04.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862