Баделки вечерва го визираа пласманот во полуфиналето од Плеј оф завршницата во домашното првенство.

ЖКК Гризли Баскет  (0) – (2)  ЖКК Бадел 1862      39:74    (12:18, 10:22, 12:13, 5:21)

Очекувана победа против новајлијата во елитното друшво и најпријатното изненадување во домашното првенство, екипата на ЖКК Гризли Баскет.

Љубителите на кошарката имаа можност да проследат интересен натпревар, исполнет со квалитетни и атрактивни потези како од страна на баделки, така и од страна на кошаркарките на ЖКК Гризли Баскет.

Сања Адамовска и Мартина Блажевска постигнаа по 14 поени, Александра Стојановска и Нена Трајчевска 10, Цветанка Димова 9, Kaitlyn Mathieu 8, Сандра Лазаревска 5 , Дева Глигорова и Сара Максимовска по 2 поени.

На кошаркарките на ЖКК Гризли Баскет им го честитаме пласманот во елитата со желба за успех во следната натпреварувачка сезона. Воедно им честитаме за фер и коректниот натпревар.

Баделки во 1/2 финалето од Плеф оф заврницата ќе се сретнат со победникот од двомечот помеѓу ЖКК Крива Паланка и ЖКК Струга (моментален резултат – 1:1).

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

20.04.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862