Двојна победа на баделки во двомечот против ЖКК Про Баскет од Кавадарци!

М14:      ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Про Баскет 50:27 (17:11, 11:6, 10:6, 12:4)

Лесна победа на најмладите баделки за задржување на 100 % ефект и лидерската позиција во Група 2 во којашто тренерот Дарко Димитријевиќ им укажа прилика на сите кошаркарки.

Дора Алексова постигна 15 поени,  Теодора Ѓоргиевска 12,  Илина Несторовска 7,  Мила Начевска 6,  Ева Палевска Стојковска и Ива Димитријевиќ по 4 и Лина Тошевска 2 поени.

 

М18:     ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Про Баскет 69:18 (20:4, 14:3, 11:8, 24:3)

Очекувана, лесна и убедлива победа на бранителките на шампионската титула. Баделки го потврдија нагорното движење на формата на екипата во пресрет на завршницата од регуларниот дел на првенството.

Мартина Марковска беше најефикасна на натпреварот со  25 поени. Јана Давитковска постигна 10,  Мартина Блажевска и Јована Димковска по 6,  Дева Глигорова ,Јана Петрова,  Мила Ѓуковиќ,  Елена Алулоска и Леонтина Василевска постигнаа по 4 поени и  Неда Лабудовиќ 2 поени.

На соодветните екипи на ЖКК Про Баскет им честитаме за фер и коректните натпревари.

💙💛  БАДЕЛ 100%!   💙💛

03.04.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862