Прва А лига – Оролоџо /К06

ЖКК Вардар – ЖКК Бадел 1862 

69:89 (10:18, 25:21, 24:30, 10:20)

Победа на баделки во скопското дерби, победа во последниот натпревар од регуларниот дел на првенството, победа за задржување на лидерската позиција во пресрет на разигрувањето за шампионската титула!

Александра Стојановска оствари дабл-дабл ефект со 19 постигнати поени и 14 скока, а оствари и  8 асистенции и  5 украдени топки.

Цветанка Димова постигна 23 поени и оствари 6 скокаИвана Кметовска исто така постигна  23 поени, а оствари и 8 скокаНена Трајчевска постигна 15 поени, оствари и  6 скока, 7 асистенции и 3 украдени топкиМарија Димитријевиќ натпреварот го заврши со  3 постигнати поени. Сандра Лазаревска, Сања Адамовска и Сара Максимовска постигнаа по 2 поени.

Најефикасни во редовите на ЖКК Вардар беа Славица Наков со 25 и Едина Муса со 12 постигнати поени.

Честитки за кошаркарките на ЖКК Вардар за фер и коректниот натпревар.

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

30.03.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862