Сонцето полека, но сигурно, ги истиснува облаците над женската кошарка. Обидите за промовирање и популаризација за женската кошарка започнаа да ги даваат посакуваните резултати.
ЖКК Бадел 1862 и wbcbadel1862.com.mk, гласникот на сино-жолтиот тим, по којзнае кој пат ја докажуваат својата општествена одговорност, движењето по патот кон зацртаните цели, сериозниот и координиран приод на сите организациски нивоа во клубот!
Со голема чест и задоволство ви ги претставуваме нашите најмали сино-жолти другарки, нашата “цицибан” генерација.
Под водство на Анета Глигорова, тренер и педагог, со голема желба и ентузијазам, влегоа во процес на изучување на “азбуката на кошарката”.
Преку стручна работа и игра Мила, Лејла, Гала, Марта, Лана, Лина, Јана, Ангела, Јована, Михаела, Неда, Сара, Лара и другарките растат со и за кошарката, со нетрпение го исчекуваат следниот тренинг, се запознаваат, се дружат, се социјализираат.
Воопшто не се сомневаме дека оваа генерација ќе биде вистинска база и за црвено-жолтиот, национален дрес!
На нашите најмлади другарки им посакуваме многу убави моменти на кошаркарскиот терен, многу насмевки, дружење!
А бранот ќе прерасне во цунами!
Љубовта помеѓу младите девојчиња и кошаркарската топка станува се посилна и помасовна!
💙💛 СИНО/ЦРВЕНО – ЖОЛТА ИДНИНА! 💙💛
07.03.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862