ЖКК Бадел 1862 – ЖКК МЗТ Скопје Аеродром 80:59 (17:12, 23:17, 21:13, 19:17)

Вечерва, во ракмите на К01 од Првата А лига – Оролоџо, баделки очекувано славеа против ЖКК МЗТ Скопје Аеродром. Остварена е 15-та победа во 15 -от натпревар од годинешното кошаркарско првенство за потврда на лидерската позиција.

Поентерски најрасположена беше Цветанка Димова со 24 постигнати поени, а притоа оствари и 10 скока за дабл-дабл ефект.

Kaitlyn Mathieu постигна 13 поени и оствари рекордни (оваа сезона) 21 скок за дабл – дабл ефект.

Нена Трајчевска постигна 19 поени, додавајќи и 8 скока и 7 асистенции. Мартина Блажевска постигна 8 поени, Александра Стојановска 5, Марија Димитријевиќ и Сандра Лазаревска по 4 поени и Сања Адамовска 3 поени.

Честитки за екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром за фер и коректниот натпревар.

Баделки продолжуваат по патот кон тронот. Од утре започнуваат подготовките за следната прволигашка средба,  против  екипата на ЖКК Струга!

💙💛  БАДЕЛ – 100%!   💙💛

01.03.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862