Продолжува пеколниот ритам на баделки! Двата викенд натпревари од националниот Куп се позади нас. Денес патување до Бањалука (Босна и Херцеговина), утре натпревар против Орлови, задутре патување до Крањ (Словенија), во Петок натпревар против Триглав, ….! Седум денови, 4 натпревари, 2500 км патување!

И покрај тоа што баделки отпатуваа десеткувани, без тренерот Перо Стамевски, Ивана Кметовска и Марија Димитријевиќ, воопшто не се сомневаме дека во Среда и во Петок на терен ќе го дадат најдоброто од себе, ќе го остават срцето на терен и ќе атакуваат на победа, бидејќи баделовата днк не познава поинаков пристап!

Натпреварот во Бањалука ќе се одигра во Среда со почеток во 17:00 часот (линкот за LIVE STREAM е поставен на wbcbadel1862.com.mk/BadelTV), додека натпреварот во Петок против Триглав ќе започне во 19:15 часот ((линкот за LIVE STREAM е поставен на wbcbadel1862.com.mk/BadelTV).

Освен овие два натпревари, во Среда ќе се одиграат и натпреварите помеѓу Војводина 021 – Цинкарна Цеље (16:30) и Монтана 2003 – Будуќност Бемакс (18:00).

💙💛  СИНО – ЖОЛТА ГОРДОСТ!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

22.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862