Победа на баделки во првиот полуфинален натпревар на националниот Куп Благоја Георгиевски Буштур 2022.
ЖКК Бадел – ЖКК Струга 80:44 (23:12, 20:9, 21:9, 16:14)
Очекувано, лесна победа на сино – жолтиот тим против екипата на ЖКК Струга за пласман во големото финале на националниот Куп Благоја Георгиевски – Буштур 2022.
Александра Стојановска постигна 14 поени, Цветанка Димова 12 поени и 10 скока за дабл-дабл ефект, Katelyn Mathey и Нена Трајчевска исто така постигнаа по 12 поени, Марија Димитријевиќ 11, Сара Максимовска 9, Сања Адамовска и Ивана Кметовска по 4 и Мартина Марковска 2 поени.
Противник на баделки во големото финале ќе биде екипата на ЖКК Баскет Кам, којашто во вториот полуфинален натпревар ја совлада екипата на ЖКК Вардар со 74:64.
Утрешното финале во СРЦ Кале (голема сала) ќе започне во 17:00 часот.
💙💛 13 -> 14! 💙💛
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
19.02.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862