Претстојниот викенд СРЦ Кале (голема сала) ќе биде епицентарот на македонската кошарка. На програмата е завршницата од националниот Куп Благоја Георгиевски – Буштур 2022.

Во Сабота ќе се одиграат полуфиналните натпревари:

12:00     ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Струга

14:30     ЖКК Баскет Кам – ЖКК Вардар

Баделки ја играат сезоната од соништата. Во домашното првенство се суверени лидери со 100% ефект (14/14), а на меѓународен план за прв пат во историјата на македонската женска кошарка се дел од елитниот регионален октет во WABA Суперлигата.

Во добро расположение и со силна мотивација влегуваат во полуфиналната средба против екипата на ЖКК Струга, со единствена цел, победа и пласман во големото финале!

💙💛  13 -> 14!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

18.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862