Во Среда, 16.02.2022 година во спортската сала Независна Македонија, со почеток во 19:00 часот, баделки ќе го одиграат заостанатиот натпревар од WABA Суперлигата (Р02) против екипата на Орлови од Бања Лука, Босна и Херцеговина. Воедно, ова ќе биде и последниот натпревар којшто баделки ќе го одиграат на домашен терен во WABA Суперлигата.
Екипата на Орлови моментално го зазема 5-то место во Суперлигата со скор од 5 победи и 5 порази, но и 2 натпревари помалку од 4-то пласираната Војводина 021 и е сериозен конкурент за 4-то место коешто води на Ф4.
Лидери на екипата се Milica Zeljkovic со 14.5 поени/натпревар, Vladinka Erak со 12.3 скока/натпревар и Marina Ristic со 5.2 асистенции/натпревар.
Баделки, како и секогаш, крајно мотивирани влегуваат во натпреварот, последен на домашен терен, во обид за нова победа.
Ги покануваме љубителите на кошарката да присуствуваат на уште еден квалитетен натпревар, да бидат нашиот 6-ти играч во обидот за уште една победа во оваа, историски најуспешната сезона во WABA лигата!
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
15.02.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862