ЖКК Бадел 1862 во WABA лигата ја игра сезоната од соништата. Постигнатите резултати во досегашниот дел од натпреварувањето ќе останат забележани како во историјата на ЖКК Бадел 1862 така и во историјата на македонската женска кошарка.
Играат баделки во елитното друштво за кош повеќе од противникот. И во поразите и во победите цврсто ја стиснуваат раката на противникот, му честитааат за коректната борба на терен, за победата!
Вистински професионалки како на кошаркарскиот терен, така и надвор од спортските сали. Со големо почитување се пречекуваат од Словенија, до Бугарија, во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Зацементиран е угледот на ЖКК Бадел 1862, професионализмот, достоинственото претставување на просторите надвор од границите на нашата земја. Го кренаа и севкупниот углед на македонската женска кошарка.
Потврдата за големите постигнувања и достигнувања во една реченица најдобро ја опишува тренерот на нашиот вчерашен противник-Војводина 021, Александар Јовановиќ: “...Veoma smo zahvalni Badelu 1862 na gostoprimstvu a njihovim igračicama na zaista fer i korektnoj igri. Nadam se da ćemo i naredne sezone imati zadovoljstvo da igramo i u Skoplju i da ih ugostimo u Novom Sadu. ”
Благодарни сме за искажаното, за убавите зборови, коишто се и обврска повеќе за нас за напредок како на спортски така и на севкупен професионален план!
💙💛 ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА! 💙💛
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
10.02.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862