Во рамките на К06 од WABA Суперлигата, во Среда, 09.02.2022 година во спортската сала Независна Македонија со почеток во 19:30 часот, наши гостинки ќе бидат кошаркарките на ЖКК Војводина 021 од Нови Сад, Србија.

Баделки ги очекува натпревар против најпријатното изненадување во Суперлигата. Во групната фаза од натпреварувањето Војводина 021 беше 3-то пласирана, со скор од 6 победи и 4 порази.

Почетокот на Суперлигата покажа дека станува збор за извонредно квалитетна екипа. На домамашен терен ја совладаа силната Монтана 2003, славеа и во Пожега против одличниот состав на Пламен Пожега, додека на гостувањето во Цеље против фаворитот Цинкарна Цеље претрпеа пораз во финишот на натпреварот.

Лидер на екипата е 24-годишната американка Sara Loomis којашто е прв стрелец на екипата со 19.00 поени/натпревар и прв скокач со 9.2 скока/натпревар. Најдобар асистент е Carna Prokic со 3.8 асистенции/натпревар.

Баделки, како и секогаш, мотивирани и подготвени го очекуваат натреварот против Војводина 021. Формата на тимот е во нагорна линија. Стојановска, Трајчевска, Кметовска и другарките се подготвени да го датат најдоброто од себе во обидот за нова Суперлигашка победа.

Ги покануваме љубителите на кошарката, во Среда во 19:30 во спортската сала Независна Македонија да бидат 6-от сино – жолт играч и да проследат уште еден квалитетен и возбудлив натпревар.

 

💙💛  СРЦЕ НА ТЕРЕН!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

07.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862