Скопје е обоено во сино – жолта боја! Во дерби натпреварот од К13 во Првата А лига, баделки ја совладаа екипата на ЖКК Вардар со резултат 82:59 (21:16, 28:17, 21:7, 12:19).

Освен резултатската неизвеснот, натпреварот ги имаше сите останати карактеристики на дерби натпревар помеѓу два традиционални ривали во македонската женска кошарка. Првата четвртина баделки ја добија со 21:16, а во втората и третата четвртина со фуриозна игра во одбраната и нападот стигнаа до +30 поени разлика за извесна 13 -та победа во 13-от натпревар.

Нена Трајчевска беше најефикасна со 17 поени, а додаде и 5 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки. Цветанка Димова натпреварот го заврши со 15 постигнати поени и 9 скока, Kaitlyn Mathieu постигна 14 поени и забележа 7 скока и 5 асистенции, Ивана Кметовска постигна 14 поени, 7 скока и 3 асистенции, Александра Стојановска постигна 10 поени и 5 асистенции, Марија Димитријевиќ 7 поени, Сања Адамовска 3 поени и Мартина Блажевска 2 поени.

Натпреварот го одбележа враќањето на кошаркарските терени на нашиот капитен, Сања Адамовска после долгиот период на рехабилитација од повредата на вкрстените лигаменти.

Во редовите на ЖКК Вардар најефикасни беа Славица Наков и Драгана Петковска со по 15 постигнати поени.

На кошаркарките на ЖКК Вардар им честитаме на фер и коректниот натпревар.

За баделки време за одмор нема. Веќе од утре започнуваат подготовките за претстојниот натпревар во WABA Суперлигата против Будуќност Бемакс, во Четврток во Скопје.

 

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

30.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862