После едномесечната пауза во домашното првенство, утре продолжуваат возбудувањата во Првата А лига со натпреварите од К12.

Баделки, поради обврските во WABA Суперлигата, се во континуиран натпреварувачки процес. Утре, во спортската сала Независна Македонија, со почеток во 17:00 часот ќе го одиграат натпреварот против МЗТ Скопје Аеродром. И покрај неповолниот јануарски здравствен билтен, Санче, Нена и другарките влегуваат во утрешниот натпревар како апсолутни фаворити, во поход кон 12-та победа во 12-от натпревар. За лидерките на табелата овој натпревар ќе претставува и своевидна генерална проба пред натпреварот од WABA Суперлигата против Триглав, којшто ќе се одигра во Вторник, 25.01.2022 година.

Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром

22.01.2022, 17:00, Спортска сала Независна Македонија

*НАТПРЕВАРОТ ЌЕ СЕ ОДИГРА СОГЛАСНО ПРОТИКОЛИТЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР: ПОПОЛНЕТОСТ – 50%, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОСЕДУВАЊЕ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ИЛИ СЕРТИФИКАТ ЗА ПРЕЛЕЖАН КОВИД 19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 45 ДЕНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ ЗАШТИТНА МАСКА, ДРЖЕЊЕ ДИСТАНЦА*

 

 

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

21.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862