Баделки со пораз се враќаат од Нови Сад. Како последица на неповолната здравствена состојба во изминатите петнаесетина дена и нарушениот тренажен процес, сино – жолтиот тим го одигра денешниот натпревар со минимален број на кошаркарки, 40 минути на терен…. што резултираше со пораз од 24 поени разлика.
Имајќи ја во предвид целокупната состојба, баделки одиграа максимално, за што заслужуваат честитки.
Веќе од утре, со надеж за подобар здравствен билтен, започнуваме со подготовки за следниот натпревар од Суперлигата, со високо крената глава, во очекување на првата Суперлигашка победа!
Војводина 021 : Бадел 1862 79:55 (23:7, 25:16, 11:19, 20:13)
Ивана Кметовска постигна 22 поени, Нена Трајчевска 16, Kaitlyn Mathieu 8, Александра Стојановска 7 и Сара Максимовска 2 поени.
На кошаркарките на Војводина 021 им честитаме на заслужената победа. Најефикасни во редовите на Војводина 021 беа Sara Loomis со 22 поени и Lena Radulovic со 18 поени.
💙💛 ГЛАВАТА ГОРЕ! ОДИМЕ ПОНАТАМУ! 💙💛
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
19.01.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862