Бордот на WABA лигата донесе одлука за новите термини за одложените натпревари од К01 и К02, како и одлука за одложување на натпревар од К03.

Натпреварот од К01 помеѓу Орлови и Пламен Пожега ќе се одигра на 07.02.2022 година.

Натпреварот од К02 помеѓу Цинкарна Цеље и Будуќност Бемакс ќе се одигра на 28.01.2022 година.

Натпреварот од К03 помеѓу Будуќност Бемакс и Монтана 2003 којшто требаше да се одигра на 20.01.2022 година, на барање на Монтана 2003 е одложен поради неповолна епидемиолошка Ковид состојба.

 

💙💛  ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ!   💙💛

💙💛  ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ!   💙💛

17.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862