Како последица на неповолната епидемиолошка Ковид состојба, денес се одигра само еден натпревар од второто коло во WABA Супер лигата.

Во Пожега, екипата на Војводина 021 направи “брејк” со победата над екипата на Пламен Пожега со резултат 81:68 (24:21, 22:12, 21:11, 14:24).

Најефикасни во редовите во Војводина 021: Jovana Jovovic со 24 и Sara Loomis со 20 постигнати поени.

Најрасположени во екипата на Пламен Пожега беа Kapinga Maweja La Mama со 23 и Jelena Ivezic со 14 постигнати поени.

Термините на одложените натпревари од второто коло дополнително ќе бидат објавени.

На сите кошаркарки им посакуваме пред се здравје!

 

💙💛  ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ!   💙💛

12.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862