На Ковид проблемите им нема крај!

Одложен е и третиот натпревар од К02 на WABA Суперлигата, во којшто во Среда во Скопје требаше да се сретнат екипите на Бадел 1862 и Орлови. Одложувањето се должи на влошената Ковид епидемиолошка состојба во екипата на Орлови.

За новиот термин на натпреварот јавноста ќе биде дополнително известена.

Според најновиот развој на настани, во Среда ќе се одигра само  натпреварот од К02 помеѓу Пламен Пожега и Војводина 021.

Со оглед на влошената епидемиолошка состојба со Ковид 19, на сите кошаркарки им посакуваме многу здравје!

 

💙💛  ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ!   💙💛

💙💛  ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА!   💙💛

10.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862