После напорното вчерашно патување до Подгорица и преспиената ноќ, некомплетните баделки денес во утринските часови го одржаа последниот тренинг во Бемакс Арена. Извонредно спортско здание коешто ги нуди сите неопходни услови за успешен спортски развој. Кога на ова ќе се додаде и неколкукратно поголемиот буџет на нашиот денешен противник, сосема логични се и амбициите за трофеј и досегашните резултати на екипата на Будуќност Бемакс.
Се надеваме дека оваа мала фотогалерија ќе допре до надлежните во нашата земја….дека за врвни резултати потребни се и неопходни услови за спортување (топли сали, опремени соблекувални, фитнес центри,…) и значајна финансиска помош за спортските колективи.
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
05.01.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862