Со одигрувањето на заостанатиот натпревар помеѓу Цинкарна Цеље и Партизан 1953 (105:57) заврши групната фаза од WABA лигата. Бевме сведоци на извонредни натпревари, беспоштедна борба за пласман во Супер лигата, на ревија на извонредни кошаркарки.
Со титулата најкорисна кошаркарка во групната фаза се закити кошаркарката на Пламен Пожега, Kapinga Maweja La mama со просечен индекс од 34.
Најдобри поентерки:
- Kapinga Maweja La mama (Пламен Пожега) 23.1/натпревар
- Jelena Ivezic (Пламен Пожега) 20.9
- Katrina Pardee (Цинкарна Цеље) 18.7
Асистенции:
- Santa Okockyte-Balkojiene (Монтана 2003) 7.78
- Marija Lekovic (Будуќност Бемакс) 5.75
- Viktorya Stoycheva (Монтана 2003) 5.6
Скокови:
- Kapinga Maweja La mama (Пламен Пожега) 17.9
- Adijat Adams (Баскет Кам) 14.0
- Vladinka Erak (Орлови) 13.25
Според индивидуалните и тимски постигнувања, баделки во целост ја оправдаа добеврата и сосема заслужено обезбедија историски пласман во Супер лигата.
На листата на поенери Ивана Кметовска со просек од 17.4 се наоѓа на 10-то место.
Александра Сојановска со просек од 4.0 асистенции е на 13-то место.
Ивана Кметовска со просек од 7.8 скокови е на 8-то место, а Нена Трајчевска со 7.5 е на 10-то место.
Цветанка Димова е на 6-то место според успешност на шут за 2 поени – 57.41%.
Александра Стојановска е 9-та според прецизност на шут за 3 поени – 40.0%.
Александра Стојановска е 7-ма според просечен број на украдени топки – 2.4
ЖКК Бадел е 7-ми според просечна ефикасност – 66.4 поени,
5-ти според просечен број на асистенции – 18.1
6-ти според просечен број на скокови – 37.8
6-ти споре просечен индекс на корисност – 71.7
6-то според просечен број на украдени топки – 8.7
Следува кратка пауза во WABA лигата за новогодишните празници. Возбудувањата во оваа, за баделки, сезона од соништата продолжуваат на 05.01.2022 година со натпреварот од првото коло во Супер лигата, против Будуќност Бемакс во Подгорица.
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ 1862! 💙💛
22.12.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862