Уште еден победнички, 100% викенд за ЖКК Бадел 1862 во домашните првенства. Пред налетот на расположените баделки, овој викенд паднаа ЖКК Работнички во М16 конкуренција и ЖКК Про Баскет во сениорската Права А лига.

Младите М16 баделки ја совладаа екипата на ЖКК Работнички (М16) со резултат 69:45 (22:8, 16:12, 21:15, 10:10). Со оваа победа сино – жолтиот тим го задржа 100% ефект во првенството, 8/8.

Најефикасна баделка на натпреварот беше Дора Алексова  со 22 поени. Мила Ѓуковиќ  постигна 21Зара Стојковска 14Јована Димковска 6Ива Димитријевиќ 4 и Мила Начевска 2 поени.

Сениорките денес ја забележаа 10-та победа во 10-от натпревар во Првата А лига. На теренот во Кавадарци ја совладаа екипата на ЖКК Про Баскет со резултат 86:41 (27:5, 19:8, 15:13, 25:15). Очекувана, лесна победа на баделки за задржување на максималиот ефект во првенството и првото место во Правата А лига.

Цветанка Димова  беше најрасположена на теренот. Со постигнатите 32 поени и 17 остварени скока забележа дабл – дабл ефект за севкупен индекс од 43. Ивана Кметовска постигна 15 поени, 6 скока, 4 асистенции, Kejtlin Matheu забележа 12 поени, 8 скока, 5 асистенции, Сандра Лазаревска 8 поени, 8 асистенциии и 6 скока, Марија Димитријевиќ 7 поени, 5 асистенции, 3 украдени топки, Мартина Блажевска 6 поени, 10 скока, 3 асистенции и Нена Трајчевска 6 поени, 4 асистенции, 5 блокади.

 

💙💛  ОДИМЕ ПОНАТАМУ! 100%!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ 1862!   💙💛

19.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862