Завршува годината во која ЖКК Бадел 1862 испиша историја.

  • Прв победник на Супер Куп натпреварот!
  • Остварена првата (а потоа и втора, трета, четврта) победа на било која македонска женска кошаркарска екипа во регионалната WABA лига!
  • ЖКК Бадел 1862 е првата македонска екипа којашто обезбедила пласман во WABA Супер лигата!
  • Во меѓувреме, супериорни во домашното првенство со 100% ефект, 9/9!

Наближуваат новогодишните и божиќни празници. Период во кој женската кошарка е на празничен одмор, а потоа во припремен период за продолжетокот од домашното првенство.

Оваа сезона, за баделки, за најдобриот македонски женски кошаркарски репрезент дома и на меѓународен план, време за одмор и празници ќе нема.

Во Јануари и Фебруари на програмата се натреварите од WABA Супер лигата, период во којшто ќе се одиграат 8 натревари против екипите на Будуќност Бемакс (Црна Гора), Орлови (Босна и Херцеговина), Триглав (Словенија) и Војводина 021 (Србија).

Пред баделки е пеколен ритам на натпревари:

05.01.2022     К1     Будуќност Бемакс – Бадел 1862

12.01.2022     К2     Бадел 1862 – Орлови

19.01.2022     К3     Војводина 021 – Бадел 862

26.01.2022     К4     Бадел 1862 – Триглав

02.02.2022     К5     Бадел 1862 – Будуќност Бемакс

16.02.2022     К6     Орлови – Бадел 1862

23.02.2022     К7     Бадел 1862 – Војводина 021

02.03.2022     К8     Триглав – Бадел 1862

 

На нашите кошаркарки им посакуваме многу здравје. Амбиција, мотив и знаење имаат!

Знаеме дека ќе бидат одлични промотори на македонската женска кошарка на меѓународен план, дека ќе испишат уште една убава страница во сино – жолтата блескава историја.

 

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ 1862!   💙💛

18.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862