Историска победа на баделки! Постигната е првата цел, освојување на 4-то место и пласман во WABA Супер лигата.

Во директната пресметка за 4-то место, вечерва кошаркарките на Бадел 1862 во “Независна Македонија”, ја совладаа екипата на белградски Партизан 1953 со резултат 58:46 (15:16, 19:8, 13:6, 11:16).

Баделки, предводени од Перо Стамевски, во целост го надиграа реномираниот противник. Видлива беше психолошката оптеретеност на беделки од тежината на натпреварот. Меѓутоа, како одминуваше времето, сино – жолтиот тим ја презеде контролата на натпреварот којашто не ја испушти до последната секунда. На полувреме се замина со +10, разлика којашто во второто полувреме порасна до максимални +20. Доминираа баделки под обрачите, остварувајќи 55 скока (18 офанзивни и 37 дефанзивни), наспроти вкупно 38 скока на противникот.

Ивана Кметовска со постигнати 20 поени и 10 остварени скока и Нена Трајчевска 16 поени и 11 скока остварија дабл-дабл ефект. Цветанка Димова постигна 15 поени и 8 скока, Александра Стојановска забележа 3 поени, Марија Димитријевиќ и Kaitlyn Mathieu по 2 поени.

Оставија нашите баделки срце на терен. За прикажаното вечерва заслужуваат најискрени честитки.

Постигнатиот успех спаѓа во категоријата за којашто не постои мерна единица со којашто можа да се вреднува успехот, а името на таа категорија е ИСТОРИЈА! Историја за Бадел 1862, меѓутоа и за македонската женска кошарка во целина!

На противничкиот тим му честитаме за коректниот натпревар и им посакуваме многу успех во нивните понатамошни натпревари.

Упатуваме благодарност и до љубителите на кошарката којшто дојдоа во Дуња и ја дадоа поддршката за оваа историска победа.

 

💙💛 🇲🇰 ОВА НЕ Е СЕ ОД НАС! 🇲🇰  💙💛

💙💛 ОДИМЕ ПОНАТАМУ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

15.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862