Утре, Среда, 15.12.2021 година ќе се одигра последното, 10-коло од групната фаза во WABA лигата.

Единствено непознато е која екипа ќе биде осмиот патник во Супер лигата.

Едно место, две желби! Бадел 1862 или Партизан 1953?

Дилемата ќе биде решена во меѓусебниот дуел којшто ќе се одигра во Скопје. Баделки моментално имаат една победа повеќе од противникот, а како дополнителен капитал е победата во Белград (73:70).

Користиме прилика да ги поканиме младите кошаркарки, младинки, сениорки, љубителите на женската кошарка да бидат ветар во грб, 6-ти играч, да им помогнеме на баделки кон остварување на историската цел.

Компетен распоред на натпреварите од 10-то коло:

 

Група А

15.12.2021     16:30     Војводина 021 – Триглав

15.12.2021     17:00     Орлови – Будуќност Бемакс

 

Група Б

15.12.2021     18:00     РМУ Бановиќи – Цинкарна Цеље

15.12.2021     18:00     Монтана 2003 – Пламен Пожега

15.12.2021     20:00     Бадел 1862 – Партизан 1953

Фотографија: waba-league.com

 

💙💛 🇲🇰 ЗАЕДНО ЗА ИСТОРИЈА! 🇲🇰  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

14.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862