Прекрасна Сабота за ЖКК Бадел 1862. Во трите одиграни натпревари во различни категории забележани се три сигурни победи за потврда на доминацијата во трите категории.

Серијата победи ја отворија најмалите, М14 баделки, коишто и покрај напорното 5 часовно патување во снежни услови до Струга, забележаа победа над екипата на ЖКК Струга со резултат 49:33 (9:8, 6:8, 11:16, 7:17).

Блескаше Дора Алексова со  30 постигнати поени. Илина Несторовска постигна 7, Мила Начевска 6, Ива Димитријевиќ 4 и  Теодора Ѓоргиевска 2 поени.

Во категоријата М16, младите баделки исто така во Струга беа подобри од своите врснички од ЖКК Струга со резултат 51:69 (10:18, 9:18, 12:18, 20:15).

Најефикасна беше Мила Ѓуковиќ со 25 постигнати поени. Јована Димковска постигна 24, Елена Алулоска 7, Дора Алексова 5, Зара Стојковска 4, Илина Несторовска и Ива Згонц по 2 поени.

Големи честитки за извојуваните победи. Тешко беше да се игра после 5 часовна зимска авантура од Скопје до Струга во студена спортска сала без електрична енергија.

Шлагер на денот беше натпреварот во Правата сениорска лига помеѓу Бадел 1862 и Баскет Кам.

Баделки со забележаната 9-та победа во првенството во 9-от натпревар го задржаа 100% ефект и на директниот конкурент за највисок пласман му го нанесоа вториот првенствен пораз.

Александра Стојановска забележа 23 поени, 8 скока и 4 асистенции. Нена Трајчевска на постигнатите 16 поени додаде 8 скока и 4 асистенции. Ивана Кметовска постигна 15 и оствари 9 скока и 4 асистенции, Марија Димитријевиќ 11 поени и 4 асистенции,  Цветанка Димова 10 поени и Kaitlyn Mathieu 2 поени.

Голема е оваа победа на баделки пред решавачкиот натпревар во WABA лигата против Партизан 1953 (Среда, 20:00) за пласман во Супер лигата.

Време за опуштање нема. Започнува операцијата “WABA Супер лига”.

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

11.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862