Првата меч топка е пропуштена. Баделки, шансата за пласман во Супер лигата ќе ја имаат во последното, 10-то коло на домашен терен против директниот конкурент, белградски Партизан 1953.

Вечерва, екипата на Пламен Пожега забележа победа против сино – жолтиот тим со резултат 94:63 (27:10, 26:29, 27:9, 14:15).

Домаќините ја контролираа играта и резултатот во текот на сите 40 минути и им честитаме на заслужената победа.

Баделки немаа решение за најкорисната кошаркарка во досегашниот тек на натпреварувањето, Kapinga Maweja La Mama, којашто оствари дабл-дабл ефект со 22 поени и 20 скока, за севкупен индекс на корисност 39.

Ивана Кметовска со 21 постигнат поен и Александра Стојановска со постигнатите 16 поени и 7 украдени топки беа најзабележителни баделки.

Време за одмор нема. Од утре започнуваат подготовките за дерби средбата од домашното првенство против Баскет Кам, како и за “натпреварот на сезоната” против Партизан 1953.

 

💙💛 ГЛАВАТА ГОРЕ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

08.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862