Сениорките во сино – жолти дресови имаат сезона од соништата. Играат баделки како за сопственото така и за реномето на македонската женска кошарка.

Промовирањето вредности својствени на клубовите со традиција коишто знаат од каде почнале и која им е целта,  на терените од Вардар до Триглав, резултира со неизмерно почитување на брендот ЖКК Бадел 1862, но и со зголемување на угледот на македонската женска кошарка во целина.

Првите сигнали за успешност стигнаа во Септември. Победата во Супер Куп натпреварот против Баскет Кам ќе остане забележана како победа во првиот одржан Супер Куп во женска конкуренција.

Влегоа баделки во ритам Среда – Недела на два фронта: домашно првенство и WABA лига.

Во домашното првенство остварени се 8 победи во 8 натпревари за 100% ефект и прво место во Првата А лига.

На меѓународен план, во WABA лигата, баделки ја остварија и првата историска победа на некоја македонска екипа во ова натпреварување, и тоа на гостувањето во Бановиќи. После првата дојде и втората, сензационална, во Белград против екипата на Партизан 1953 ….. и третата против Бановиќи во Скопје. Во досегашниот тек на натпреварувањето баделки претрпеа и 5 порази, порази од поквалитетни екипи.

Заедничкии именител на сите 8 настапи во регионалното натпреварување е пружениот максимум на терен, спортската и фер борба за секоја топка од првата до последната секунда од натпреварот, сплотеноста, пожртвуваноста….и најважното од се, пружената рака кон победникот и прифатената од победениот…со високо крената глава!

Тимските и индивидуални  достигнувања во WABA  ги потврдуваат изнесените констатации:

Екипно:

7-ми по просечен број постигнати поени/натпревар

5-ти по просечен број на асистенции/натпревар

8-ми по просечен број на остварени скокови/натпревар

6-ти по просечен индекс на корисност/натпревар …..

Индивидуално:

Ивана Кметовска – 9-та според просечно постигнати поени/натпревар

Александра Стојановска – 8-ма според просечно остварени асистенции/натпревар

Ивана Кметовска – 8-ма според просечно остварени скокови/натпревар

Нена Трајчевска – 9-та според просечно остварени скокови/натпревар

Александра Стојановска – 8-ма според процент на успешност на шут за 3 поени, …..

 

Играат баделки сезона со историски достигнувања.

Играат баделки со ростер составен од македонски кошаркарки и само една кошаркарка од странство. Концепт на промоција на домашни кошаркарки којшто има децениска традиција … и којшто дава резултати, како за Бадел 1862 така и за репрезентациите на сите нивоа.

 

💙💛 ЗА БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 ЗА МАКЕДОНСКАТА ЖЕНСКА КОШАРКА!  💙💛

 

06.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862