Пред нас е двојна викенд баделова програма. Свои настапи ќе забележат кошаркарките до 16 годишна возраст и сениорскиот тим.

 

Младите баделки полни со самодоверба го очекуваат натпреварот од 6-то коло од М16/Група 1  против ЖКК Шкупи. Очекуваме нова победа за задржување на 100% ефект.

Натпреварот ќе се одигра во Сабота, 04.12.2021 година со почеток во 12:30 часот во спортската сала Независна Македонија.

 

Сениорките патуваат во Крива Паланка, кадешто во Недела, 05.12.2021 година, со почеток во 15:00 часот ќе го одграат натпреварот од 8-то коло од Првата А лига против екипата на ЖКК Крива Паланка, натпревар на којшто очекуваме продолжување на победничката серија во пресрет на клучните натпревари во WABA лигата.

 

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

03.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862