Неполни 24 часа не делат натпреварот од 8-коло /Група Б/ во регионалната WABA лига помеѓу Бадел 1862 и РМУ Бановиќи.

Историската прва победа во Бановиќи и сензационалната победа во Белград против Партизан 1953 ги подотворија вратите на регионалната Супер лига.

За остварување на целта потребни се 2 победи во преостанатите 3 натпревари од групната фаза. Најтрофејниот македонски женски кошаркарски колектив е во 100% мобилна состојба пред утрешниот натпревар.

Очекуваме победа којашто ќе има огромно значење како за нас така и за македонската женска кошарка.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Независна Македонија на 01.12.2021 година со почеток во 19:00 часот.

Ги покануваме љубителите на женската кошарка да дојдат во спортската сала како знак на подршка на сино – жолтиот тим.

** НАТПРЕВАРОТ ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА СОГЛАСНО ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦОЈА НА СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОСЕДУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНИРАНОСТ ИЛИ СЕРТИФИКАТ ЗА ПРЕЛЕЖАН КОВИД 19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 45 ДЕНА, 50% ИСПОЛНЕТОСТ, ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ, ДРЖЕЊЕ ДИСТАНЦА**

 

💙💛  2/2 ЗА РЕГИОНАЛНА ПРОЛЕТ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

30.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862