Со двете денешни победи, баделки го затворија овој викенд со 100% ефект.

Сино – жолтиот состав до 16 годишна возраст забележа убедлива победа против екипата на ЖКК Гостивар со резултат 94:36 (33:4, 26:8, 15:15, 20:9), победа со којашто го задржаа 100% ефект во досегашниот тек на првенството.

Јована Димковска најефикасна со  24 постигнати поени.

Зара Стојковска постигна 22, а Дора Алексова 18 поени.

Елена Алулоска и Мила Начевска постигнаа по 8 поени, Илина Несторовска 6Ива ДимитријевиќНеда ЛабудовиќАндреа Василевска и Теодора Ѓеоргиевска постигнаа по 2 поени.

 

Во скопското дерби од Првата А лига, сениорките забележаа победа за 100% ефект против ЖКК Вардар со резултат 85:69 (26:8, 23:22, 23:14, 13:25).

Нена Трајчевска постигна 30 поени, 7 асистенции и 7 скока, за севкупен индекс од 37.

Александра Стојановска постигна 27 поени, 6 асистенции и 6 скока, за севкупен индекс од 34.

Сара Максимовска постигна 9 поени, Мартина Блажевска  6 поени и  6 скока, Kaitlyn Mathieu  6 поени и 10 скока, Марија Димитријевиќ  5 поени и 10 асистенции и Дева Глигорова  2 поени.

Време за одмор за сино – жолтиот сениорски тим нема. Следната недела, во Четврток, ги очекува натпреварот од WABA лигата против Цинкарна Цеље во Цеље.

 

💙💛 НАПРЕД КОН НОВИ ПОБЕДИ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

21.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862