Успешно гостување на младите М14 и М18 баделки во Кавадарци. Остварени се две убедливи победи, победи за најава на успешна сезона во соодветните конкуренции.

Во првиот натпревар, сино – жолтиот М14 тим оствари убедлива победа од +50 поени разлика против екипата на ЖКК Про Баскет,  81:31 (20:6, 27:8, 16:8, 18:9).

Дора Алексова постигна 26 поени, Мила Начевска 16, Теодора Ѓоргиевска 11, Илина Несторовска 10, Ива Димитријевиќ и Јована Струмениковска 6, Ева Стојковска Палевска 4 и Лина Тошевска 2 поени.

Актуелните М18 шампионки, денес покажаа дека минатонеделниот пораз е минато. Со ангажирана игра во текот на сите 40 минути, остварија убедлива победа од +55 поени против ЖКК Про Баскет со резултат 91:36 (20:8, 21:11, 21:9, 29:8).

Мартина Блажевска беше вистински лидер со постигнати 36 поени. Мартина Маркоска постигна 16 поени, Јована Димковска 15, Зара Стојковска 13, Дева Глогорова и Елена Алулоска по 4,  Јана Петрова 2, Леонтина Василевска 1 поен.

 

💙💛 НАПРЕД КОН НОВИ ПОБЕДИ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

20.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862