Натпреварувањето во регионалната WABA лига полека влегува во вторат половина од првата фаза. Борбата за првите 4 места во А и Б групата што носи пласман во WABA Супер лигата добива на интензитет.

ЖКК Бадел 1862, нашиот најтрофеен колектив, во изминатите 6 кола со остварените 2 победи и 4 порази против исклучително силни противници, формираше убава приказна за македонската женска кошарка во меѓународните рамки.

Во првото коло моќниот состав на Монтана 2003 се провлече буквално низ иглени уши за победа со 3 поени разлика, во второто коло против силнот состав на Цинкарна Цеље баделки го оставија срцето на теренот, исто како и при поразите од Пламен Пожега и вчерашниот од Монтана 2003.

Победата во Бановиќи ќе биде запишана со златни букви во клубската историја како прва победа на некоја македонска екипа  воопшто во јадранската конкуренција.

Огромен публицитет и значење имаше победата во Белград над екипата на Партизан, победа која ги отвора вратите на WABA Супер лигата.

Баделки моментално се 4-то пласирани во Групата Б, а со оглед на поволниот распоред до крајот на првата фаза, шансите за освојување на едно од првите 4 места (коишто водат во Супер лигата) се големи.

Во изминатите 6 кола, и во победите и во поразите, импонираше огромната енергија, желбата за успех, колективниот дух , пожртвуваната и дисциплинирана игра на нашите баделки.

Дека кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 се навистина светлата страна на македонската женска кошарка, покажуваат и поединечните достигнувања на нашите кошаркарки.

Ивана Кметовска се наоѓа на одличното 7 место на севкупната листа на поентери, со просек од 17.5 поени/натпревар.

Александра Стојановска исто така го зазема 7-то место на севкупната листа на додавачи(асистенти), со просек од 5 асистенции/натпревар.

Седмото место исто така е резервирано за нашата Ивана Кметовска во севкупната листа на остварени скокови, со просек од 8.67 скок/натпревар.

Цветанка Димова е на 8-то место според успешност на реализација на шут за 2 поени, со 61.11%.

Екипно, ЖКК Бадел 1862 е на 5-то место според бројот на асистенции, со просечни 17.5 асистенции/натпревар.

Баделки како и досега, и во следните натпревари ќе го дадат најдоброто од себе, ќе одат на победа во секој натпревар и на секој терен, со големи шанси за јадранска пролет и настапи во WABA Супер лигата, за успешна презентација на ЖКК Бадел 1862 и на македонската женска кошарка.

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

04.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862