Вечерва, во рамките на 4-то коло од WABA лигата, баделки загубија од екипата на ЖКК Пламен Пожега со резултат 64:80 (12:24, 14:19, 19:13, 15:28).

Гостинската екипа уште во првата четвртина се стекна со двоцифрена предност, којашто ја задржаа и надградија во втората четвртина.

Зрак на надеж за можен пресврт се јави ви третиот период од натпреварот, којшто баделки го добија со 19:14, за достижни  -11. Сепак, на крајот гостинките од Пожега заслужено стигнаа до својата втора победа во Гупата Б.

Најефикасни во сино – жолтиот состав беа Нена Трајчевска со 16, Цветанка Димова со 13 и Kaitlyn Mathieu со 10 постигнати поени.

Кај гостинките, особено се истакнаа Kapinga Maweja La Mama со 25 поени и 15 скока, Jelena Ivezic со 23 и Bhrea Chanel Griffin со 21 постигнати поени.

На ЖКК Пламен Пожега им ја честитаме победата, а нашите баделки шансата за втора победа ќе ја имаат на 27.10.2021 година на средбата со Партизан 1953.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛКИ! ГЛАВАТА ГОРЕ! 💙💛

 

 

21.10.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862