Втора победа сезонава, против најголемиот ривал за освојување на пехарите во домашните натпреварувања.
Бадел 1862 се враќа триумфално од Македонска Каменица, со 71:78 од прволигашкото гостување кај Баскет Кам. Претходно, славевме во Суперкупот на Македонија.
Сезоната ќе биде долга, не очекуваат уште многу битки, но ние продолжуваме по нашиот пат. Продолжуваме да ги полниме срцата на вистинските љубители на кошарката и нашите души, кои живеат за овој прекрасен спорт.
Честитки за домаќинот Баскет Кам, за фер и коректната битка на теренот. На нашиот конкурент му посакуваме многу среќа во сите понатамошни мечеви, а во следните меѓусебни дуели повторно да пружиме вакви неизвесни натпревари.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

 

18.10.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862