Последниот натпревар од 2-то коло од Првата А лига всушност е првата првенствена пресметка помеѓу Баскет Кам и Бадел 1862. Вечерва, со почеток во 18:00 часот, во Македонска Каменица, баделки ќе истрчаат на теренот со единствена цел, продолжување на успешната серија на натпревари и секако победа против екипата на Баскет Кам.
Сино – жолтиот тим сезоната ја започна со победа над денешниот противник во Супер куп натпреварот, во регионалната WABA лига против фавотитите Монтана 2003 и Цинкарна Цеље, и покрај поразите, прикажа добра игра, а со победите над Крива Паланка во домашното првенство и РМУ Бановиќи во WABA лигата, покажа нагорна линија во натпреварувачката форма.
Денес баделки ќе отпатуваат за Македонска Каменица максимално подготвени, со голема самодоверба и во позитивна атмосфера. Очекуваме со добра игра и победа да ја потврдат доминацијата во македонската женска кошарка.
За љубителите на женската кошарка, линкот за LIVE STREAM ќе го објавиме дополнително.
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛКИ, КОН НОВА ПОБЕДА! 💙💛
18.10.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862