Баделки пристигнаа во Бановиќи. Ниту напорниот пат,  ниту есенското тмурно време неможеа да ја сокријат позитивната атмосфера во тимот. Утревечер, во 18:00 часот, баделки ќе истрчаат на терен против повеќекратниот шампион на Босна и Херцеговина и вистински расадник на таленти, РМУ Бановиќи.

Нашите кошаркарки го искористија слободното време за прошетка и подобро запознавање на прекрасното Бановиќи, а го одработија и предвидениот тренинг пред утрешниот натпревар.

💙💛 ОДИМЕ НА ПОБЕДА! НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

12.10.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862